| четврток, 6 декември 2018 |

СДСМ се враќа во Собранието, има само неколку ситни барања

29.10.sobranie111

Зоран Заев го отфрли барањето на Груевски да преспие и да се премисли и по неколку непроспиени ноќи донесе одлука да се врати во Собранието но под неколку услови. Тој бара промена на изборниот законик. Во членот 77  бара амандман со кој Државната изборна комисија веќе нема да ги брои гласачките ливчиња на избори туку тоа да го прават членовите на локалните изборни комисии номинирани од СДСМ.  Според членот 122 ДИК ја губи својата улога и ќе се фузионира со организациите МОСТ, Излези да гласаш и ОБСЕ/ ОМАЈДИАР и ќе има обврска да пријавува инциденти на фудбалски и други спортски натпревари. Едно од централните барања на Заев за кое не очекува никаква дебата е Струмица да стане главен град на Македонија во наредниве 3 годинни до локалните избори. Според барањата на Заев во членот 188 се предвидува забрана за гласање на изборите од страна на членовите на ВМРО – ДПМНЕ за да се направи баланс.

Членот 1991 ја третира  забраната за употреба на зборовите проект и отчет за време на изборна кампања. Заев за предходните барања не очекува голем отпор од опозицијата а подготвен да направи компромис околу предлогот според новиот изборен законик на Секои три избори победи на ВМРО ДПМНЕ победата едногласно да и се доделува на опозицијата.

Тој според извори од неговата фамилија би се согласил и по секои втори избори на кои победува Груевски државотворната партија автоматски да биде прогласена за победник при што ќе се заштеди на броење ливчиња и
прослави на плоштади.

Заев нема да попушти и за критериумите при изборот на техничката влада. Инсистира во неа да бидат избрани само докажани техничари. Тој ќе се согласи и на кандидати кои што мали , мали ама техничари а предност да имаат активисти на Народна Техника не помалку од 5 години.

На потег е Груевски.

Војвода Бихаќки

 

Оваа политичка сатира се чита рано наутро,  додека настаните и луѓето која ги третира не се сметаат за дел од реалноста.

Еден , два три , под компир ми се скри!

Војвода Бихаќки

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top