Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го повика претседателот на ОБСЕ Дидие Буркхалтер да ги искористи своите овластувања во интерес на брзо ослободување на киднапираните со Славјанск претставници на ОБСЕ, соопшти руското Министерство за надворешни работи, пренесува ИТАР-ТАСС.
Лавров и Буркхалтер разговарале по телефон за киднапираните претставници на ОБСЕ во Славјанск и мисијата на специјалниот претставник на рускиот претседател.
Според Лавров реководителите на Славјанск се подготвени да ги предадат европските набљудувачи на специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Лукин, ако киевските власти не ја попречуваат неговата мисијата во Украина.
Проруски сепаратисти во Славјанск држат седум воени набљудувачи на ОБСЕ. Швајцарскиот претседател и министер за надворешни работи, Дидие Буркхалтер, чија земја моментално претседава со ОБСЕ, се ангажирал да преговора со Киев за предлогот, јавува ДПА.
Специјалниот претставник на рускиот претседател Владимир Путин се наоѓа во Укрина, со цел да разговара за ослободување на странските воени набљудувачи
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.