| четврток, 6 декември 2018 |

Светот лудува по овој тест: за две секунди покажува дали сте убави

Во две секунди дознајте дали сте убави! Имено, трендот почна на „Weibou“, кинеска верзија на „Фејсбук“ а сега се шири и на другите социјални мрежи.

Тестот односно теориите кои ги користат многубројните пластични хирурзи кои сметаат дека убавината се заснова на совршен однос на носот, устата и брадата, ве става го убавите или грдите. Мошне лесно се изведува: Ставете го показалецот така што ќе ја допира брадата и носот, а ако и усните го допираат прстот-вие сте убави, ако не, тогаш….

veibo-1399039284-489775

Поголемиот број на оние што го испробале тестот се жени, а се водат многубројни дискусии за тоа дали тестот има смисол, односно дали е точен. Многумина предупредуваат дека станува збор за бизарност и дека овој тест не може да покаже дали некој е убав или не.

Тоа го потврдува и докрот Марк Холмс, кој вели дека тестот всушност само ја покажува долната фацијална симетрија и пропорција и се вика „Риккетова е-линија“

-Тестото е мошне забавен, но не може да се сфати сериозно. Убавината не е само во окото на набљудувачот, а мораме да имаме на ум дека во светот има различни раси кои имаат различни карактеристики, па со самото тоа и различен поглед на убавината. Затоа овој тест е нема премногу смисол, рече Брент Тенер, козметички консултант.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top