| четврток, 6 декември 2018 |

Во Скопје на 7 јуни на концерт доаѓаат финалистите на „Х-фактор“

daniel kajmakoski

Финалистите на големото музичко шоу „Х-фактор“ на 7 јуни ќе имаат концерт во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.

На овој концерт македонската публика ќе го има задоволството да биде прва која ќе ужива во настапите на 12-те финалисти од „Х Фактор Адриа“, кои токму со концертот во Скопје ја започнуваат својата голема и долгоочекувана регионална турнеја.

Регионалното издание на „Х Фактор“ се одржа со исклучителен успех и очекувно, привлекувајќи огромно внимание од страна на публиката и медиумите насекаде во регионот, а особено во Македонија со победата на македонскиот претставник во финалното натпреварување Даниел Кајмакоски.

Во Скопје доааѓтат и Младен Лукиќ, Маја Новаковиќ, Александра Брковиќ, Тамара Милановиќ, Алекса Перовиќ, Харис Ќато, Лукијан Ивановиќ, дуото „H2O“ сочинето од Фифи и Маринела, како и бендовите „Доктори“ и „4U“.
За најголемите фанови и оние кои сакаат да бидат дел од овој концерт во првите редови на публиката и најблиску до своите омилени изведувачи, во продажба ќе бидат пуштени фан-пит влезници во строго ограничен број (само 500 влезници) кои ќе чинат 700 денари. Покрај фан-пит, достапни ќе бидат и влезници за: партер (350 денари), трибини (400 денари) и ВИП влезници (1.000 денари).
Продажбата на влезниците ќе се спроведува преку продажната мрежа на МКтикетс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top