| четврток, 6 декември 2018 |

Планинарското друштво „Гемиџии“ во „Богомилски поход“

Планинарското друштво “Гемиџии” и годинава го организира традиционалниот “Богомислки поход” како дел од февруарскиот поход и манифестациите со кои ќе се учествува овој значаен настан од поблиското минато на Македонскиот народ

Настанот ќе се одржи престојниов викенд поточно 23 и 24 февруари. Зборното место за сите планинари и љубители на планинските прошетки е Железничката станица во село Богомила.

Од таму заедно ќе се тргне кон планираната маршута од село Богомила преку село Мокрени, каде ќе има мала пауза, па сè до село Ораов дол.

Според планираното оваа траса предвидено е да се помине за пет часа. Учесниците во походот имаат можност ноќта да ја поминат во планинарскиот дом во Ораов дол.

Извор: региони.мк

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top