| четврток, 6 декември 2018 |

Руслана со апел до Обама: Запри ја војната во Украина

ruslana

Руслана, украинската поп-ѕвезда која во изминатите месеци им пееше на демонстрантите во Киев, упати емотивен апел до американскиот претседател Барак Обама. Таа побара тој да ја запре војната во Украина.

Руслана стана позната со победата на „Евровизија 2004“ во Истанбул. Следната година Руслана беше и во посета на Македонија.

Нејзиниот апел уследи откако Украина соопшти дека оружените сили на земјата се во „целосна готовност“ заради можната руска инвазија и откако властите признаа дека се неможни да ги спречат проруските бунтовници на истокот на Украина, пренесува агенцијата АФП.

-Граѓани на светот, ве молам за помош. Шокирана сум. Ова е трагедија на 21.век, најголема криза од Втората светска војна досега – изјавила Руслана на приемот во Вашингтон, на кој биле поканети голем број светски познати личности и политичари, меѓу кои и американскиот министер за одбрана Чак Хејгел.– Ова е мојот апел до САД: господине претседателе Обама, зборовите не можат да ги запрат тенковите. Војната може да се запре само со решителна акција. Видете вистински светски лидер, запрете ја војната во мојата држава. Ако не го сторите тоа сега ќе ја загубиме демократијата и безбедноста и ќе се разниша целиот ситем на меѓународниите односи – додала познатата пејачка.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top