| четврток, 6 декември 2018 |

Ќе се реконструира првото училиште на македонски јазик

прво училиште

Во рамките на Годишната програма на Министерството за култура, годинава ќе биде реконструиран објектот во кој било сместено првото училиште со настава на македонски јазик во кичевското село Подвис.
– Овој објект се наоѓа во незавидна и руинирана состојба. Од тие причини и заради зачување и соодветен третман на ова значајно спомен-обележје за македонската историја, култура и образование, стручните екипи на Националниот конзерваторски центар интензивно работат на проектот за негова целосна санација и реконструкција која ќе се спроведува во неколку фази – велат од Министерството за култура.
Училиштето во Подвис започнало да работи на 23 септември 1943 година, само шест дена по ослободувањето на Кичево, кога учителот Василко Лазарески го одржал првиот час на македонски јазик на слободната територија на Македонија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top