| четврток, 6 декември 2018 |

12 мај 2009 – инаугурација на Иванов (фотогалерија)

Претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) Никола Рилковски,утре, 2 мај ќе му го врачи уверението на Ѓорге Иванов, избран за претседател на Република Македонија.

Иванов пред 5 години за првпат стана претседател. Откако ДИК го потврди неговиот мандат, тој на 12 мај и официјално ја презеде својата нова должност. По официјалната заклетва, тој го одржа својот прв говор во македонското Собрание.

Неговата инаугурација ја следеа хрватскиот претседател Стипе Месиќ, српскиот Борис Тадиќ, албанскиот Бамир Топи и црногорскиот претседател Филип Вујановиќ.

Од парламентарните партии единствено опозициската ДПА го бојкотираше неговиот избор.

Во своето прво обраќање како претседател, Ѓорге Иванов рече дека неговите приоритети се јасни: македонската интеграција во НАТО и ЕУ, негувањето на добрите меѓуетнички односи внатре, како и со соседите:

-„Мојата политичка агенда е јасна и недвосмислена: Македонија членка на НАТО и на Европската унија, силна, почитувана и рамноправна, а нејзините граѓани горди, богати и среќни.”

Иванов тогаш спомена дека ќе треба сите капацитети да се насочат кон справувањето со светската економска криза а не го избегна ниту спорот со Грција за името на Македонија:

-„Ќе сторам сѐ односите меѓу двете земји да се развиваат во духот на добрососедството и заемната доверба.”

Да се потсетиме низ фотографии на фотографот Ѓорги Личовски на инаугурацијата на Иванов на 12 мај 2009 година.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top