
Двајца затвореници загинаа, а околу 150 луѓе – криминалци и нивните чувари се повредени во жестока експлозија на гас во затвор во град на Флорида. Во затворот има вкупно 600 осудени. Дел од зградата е разурната. Експлозијата се случила синоќа околу 23 часот по локално време во затворот во округот Ескамби, а повредените затвореници се префрлени во блиските болници.
-Имаме изјави дека луѓето слушнале експлозија и почуствувале мирис од гас, а пожар немало, рече Доу-Кастро, додавајќи дека експлозијата можеби е поврзана со серијата бури што ги зафатија САД во последните денови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


