| четврток, 6 декември 2018 |

Се бара фирма за реновирање на студентскиот дом „Гоце Делчев“

pozar-vo-studentski-dom-gc-4

Министерството за образование и наука денеска објави тендер за градежна компанија која ќе го реконструира студентскиот дом „Гоце Делчев“. Компаниите можат да конкурираат до 19 овој месец. Ресорното министерство се надева дека летово да започнат работите за санација на студентскиот дом.

Според проценките на Владата, зафатот треба да чини нешто повеќе од еден милион евра без ДДВ. Студентскиот дом „Гоце Делчев“ се состои од четири блока и во своите простории може да прими преку 1.200 студенти.

Објектот е изграден во 70-тите години и од тогаш во него не е извршен ниту еден посериозен санационен зафат.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top