
И покрај тоа што СДСМ не ги признава изборните резултати верификационата комисија по службена должност ќе им ги верификува мандатите на 34 пратеници. Ставот за неприфаќање на мандатите на СДСМ, според правните експерти кои ги консултирала Алфа, сѐ уште не може прецизно да се дефинира. Во игра според нив се две сценарија:
– Верификационата комисија која што по службена должност ќе ги верификува мандатите, фактички констатира дека од тој ден им започнувва нивниот мандат, што значи дека нивните права и должности почнуваат да течат до денот кога верификационата комисија ги потврдува нивните мандати. Тоа значи дека тие, доколку игнорираат и не сакаат да се појават во Собранието може за 6 месеци да им престане мандатот по сила на Устав и по сила на закон, вели Тања Каракамишева – Јовановска – Универзитетски професор.
Во вториот случај, односно доколку пратениците на СДСМ ги вратат мандатите тогаш процедурата е поинаква:
– ДИК има должност во рок од три дена да го информира наредниот на листата на СДСМ дали го прифаќа мандатот или не. Доколку наредните кандидати не ги прифатат мандатите се оди до поседниот, 20-тиот кандидат, кој доколку и последниот ги отфрли мандатите, во тој случај кога се исцрпува партиската листа, ДИК има обврска да го информира Собранието кое потоа треба да распише дополнителни избори за тие 34 испразнети места, вели Каракамишева – Јовановска.
И во двете варијанти роковите за состав на новиот парламент веќе течат и непостојат уставни пречки тој навремено да се констутуира и легитимно да функционира. Спрод процедурата тоа ќе се случи 20 дена по изборите, а потоа новиот парламентарен состав ќе може да ја изгласа и новата влада со мнозинство гласови.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


