Шеесет и едногодишниот Радован М. од Струга e лицето кое што загина во сообраќајна несреќа што се случи синоќа на магистралниот пат Прилеп – Битола.
Како што соопшти МВР, несреќата се случила синоќа околу 10 минуи пред полноќ, кога се судриле товарното возило „мерцедес 813“ со скопски регистарски ознаки управувано од 41-годишниот Н.Н. и возило марка „даеву нексија“ со струшки регистарски ознаки, сопственост на лице од Радолишта, а кое го управувал Радован, кој починал на лице место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


