Членови и претставници на повеќе синдикати со протести пред Собранието и владата го одбележаа Меѓународниот ден на трудот 1 Мај, додека најголемиот ССМ го одбележи празникот симболично, со собир на плоштадот „Македонија“ и одржување на свечена седница.

Синдикатите и организациите што протестираа бараат законот за минимална плата да профункционира веднаш, а не во 2018 година, правото на штрајк да се ослободи од законските стеги и правото на синдикално организирање да не биде мртво слово на хартија.

Фото: Ѓорги Личовски
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


