| четврток, 6 декември 2018 |

Какви сѐ чудаци ќе се појават годинава на „Евровизија“ (ФОТО)

Оваа година на изборот за песна на „Евровизија“, кој ќе започне за неколку дена во Копенхаген, Данска, ќе учествуваат 37 држави и национални медиумски куќи. Покрај Тијана Дапчевиќ за Македонија, од балканските земји годинава ќе се претстави само Црна Гора и Сергеј Четковиќ.

Според обложувалниците фаворити се Ерменците.

Како и секоја година, така и оваа, на евровизиската сцена ќе се појават откачени поединци или бендови, меѓу кои и:

 

1. Австриската претставничка Кончита Вурст, роден како Томас Том Неувирт. Тој се претставува како маж заробен во женско тело, но сепак не се откажува од својата брада. Вруст сака да стане симбол за толеранција. Ќе се претстави со песната “Rise Like A Phoenix”.

conchita_wurst_2

2. Групата „Твин Твин“ од Франција настапува со песната „Moustache”, голи, нешто како хрватските „Лет 3“.

twin-twin-video-52937b71eaa06

3. „Пола Понк“ – брадестите Телетабиси  од Исланд ќе пеат песната „Enga fordóma”. Тие пеат некој вид на детска поп музика вкрстена со панк.

8b8fabd6742a8b419fb9decbaa7c0255

4. Кристина Скарлет од Молдавија, ќе се претстави со неоготски стил како јунаците од филмовите за Дракула.

cristina-scarlat-wild-soul

5. Грчките рапери “Freaky Fortune” , Николас Раптакис и Теофилос Поузбоурис ја пеат песната „Rise Up”.

freaky-fortune-risky-kidd

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top