Во редок случај за МВР, поднесена е кривична пријава за отворање на лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук, поточно по кривично дело, злоупотреба на лични податоци.
СВР Куманово поднесе кривична пријава против Н.О.(35) од село Пирок за кривично дело „злоупотреба на лични податоци“. Во периодот од 2011-2012 година, пријавениот ги искористил личните податоци на 35 годишна жителка на село Лојане и без нејзина согласност креирал лажен профил на социјалната мрежа Фејсбук, каде во повеќе наврати при контакти со други лица користел вулгарни и навредливи зборови, јави МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.