СВР-Скопје, ОИД – Отсек за џепни кражби, со кривична пријава до ОЈО-Скопје ги предаде лицата Т.Н.М. (34) и П.М.С. (30), двете државјани на Р. Бугарија, поради постоење основано сомнение дека сториле кривично дело – “кражба“ предвидено и казниво согласно чл.235 од КЗ на РМ. Од страна на судија во претходна постапка, на пријавените им е одредена мерка една година условно, за три години казна затвор и протерување, односно забрана за влез во РМ во траење од десет години.
Двете пријавени, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, во средата 28 минатиот месец на бул.„Крсте Мисирков“ поточно на Бит Пазар (кај т.н. Цветен пазар), искористувајќи го невниманието на оштетеното лице, додека оштетената пазарувала на пазарот, најпрво П.М.С и се доближила и со своето тело се турнала во неа со цел да и го одземе вниманието, додека пак Т.Н.М успеала да и ја отвори ташната, и со протнување на раката во ташната и го украла паричникот во кој имало еден клуч од стан, една маестро картица од Комерцијална Банка и една кутија цигари Ева.
Од страна на полициски службеник од ПС ОН „Бит Пазар“, пријавените биле затекнати при вршење на кривичното дело, по што истите се лишени од слобода. Со потврда за привремено одземени предмети од првопријавената се одземени горенаведените предмети, кои со потврда се вратени на оштетеното лице.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Грк украл врв од столб од Акропол
-
Милионска кражба во Македонија: Обиен сеф на приватна фирма
-
Фатил жена во кражба: Кога ги видел нејзините деца наместо да ја уапси направил нешто неверојатно(видео)
-
Крадците го опустошија градот повеќе од ураганот: Група луѓе влегуваат по маркети и носат што ќе најдат(видео)


