| четврток, 6 декември 2018 |

Се излеа Липковска Река, поплавени 100 хектари земјоделско земјиште

Oколку 100 хектари земјоделска површина, се поплавени во општина Липково кај селото Оризаре, поради излевање на Липковска Река, како последица на постојаните и силни врнежи од дожд, соопшти Подрачното одделение за заштита и
спасување Куманово при Дирекцијата за заштита и спасување.

– Екипи на подрачното одделение на ДЗС Куманово се на терен и по согледување на ситуацијата ќе се одлучи какви мерки треба да се преземат за надминување на настанатата ситуација, стои во соопштението.

Воедно се додава дека сите подрачни одделенија на Дирекцијата за заштита и спасување на територија на Република Македонија се подготвени да помогнат доколку дојде до излевање на водотеците и до поплавување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top