Девојка која преживеала рак на дојката на „Фејсбук“ објави фотографија каде што градите и се тетовирани, и откако социјалната мрежа и ја отстрани фотографијата, над 100 илјади корисници на „Фејсбук“ ја споделија фотографијата.
На фотографијата се гледа торзото на пациентката која имала двојна мастектомија и на чии гради сега има шарен дизајн. Фотографијата ја поставил Ли Ролер од компанијата „Кастом Тату дизајн“ од Онтарио. Тој изјави дека во знак на протест одлучил повторно да ја стави фотографијата, барајќи од корисниците на „Фејсбук“ да ја споедлат и да ја поддржат. Оваа фотографија, до објавата на текстот имаше 160.796 лајка, а споделена беше 130.240 пати.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.