| четврток, 6 декември 2018 |

Синдикатите во Македонија го одбележуваат 1 Мај

Синдикалното движење во Македонија денеска ќе се приклучи кон одбележувањето на 1 Мај – Меѓународниот ден на трудот во чест и сеќавање на историската борба на работниците од целиот свет за унапредување на нивните права.
Сојузот на синдикати на Македонија и годинава ќе ја продолжи праксата со кампањи за одредени области од заштитата на работничките права да го одбележи Меѓународниот ден на трудот. Годинава кампањата е посветена на иницијативата за измени на Законот за здравје и безбедност на работа.

Ваквиот начин на одбележување, Сојузот на синдикати на Македонија го практикува од 2010 година кога започна со кампањата за зголемување на членството, а во изминатите години беа спроведени кампањи за донесување закон за минимална плата, на закон за мобинг и за формирање на локални економско-социјални совети.

Во Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС), гранковите синдикати поединечно ќе организираат настани со кои ќе се вклучат во одбележувањето на Меѓународниот ден на трудот.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top