| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски ги посети ракометарките на ЖРК Вардар пред историското финале во ЛШ (фото)

Gruevski zrk Vardar 06 (Custom)

Никола Груевски, претседателот на ВМРО ДПМНЕ денеска во СЦ „Борис Трајковски“ ги посети македонските ракометни шампионки ЖРК Вардар пред заминувањето за Будимпешта, Унгарија. Тој им посака среќа пред историското финале во најелитното европско клупско натпреварување.

Gruevski zrk Vardar 05 (Custom)

Македонските првенки се во мисија за историски успех во премиерното издание на фајналфор турните во Лигата на шампионите (ЛШ). Во конкуренција на Будуќност, Ѓер и Митјиланд, вардарки ќе атакуваат на европската круна. Прв противник на 3 мај е црногорскиот првак Будуќност, а ако се мине првата пречка, следи настап во финалето против подобриот од дуелот меѓу Ѓер и Митјиланд.

Gruevski zrk Vardar 04 (Custom)

– За првпат ќе се игра фајналфор во историјата на Лигата на шампионите, и возбудена сум и среќна што ќе бидам дел од овој настан. Им ја препуштам предноста на ракометарките на Будуќност, бидејќи имаат искуство и титула од ова натпреварување. Тие ќе бидат благи фаворити, но знам дека цела Македонија ќе биде зад нас и се надевам дека ќе го донесеме трофејот – изјави Андреа Лекиќ.

Gruevski zrk Vardar 03 (Custom)

– Ви посакувам многу успех. Бидете психички силни и физички издржливи. Со голема борба и волја сигурен сум дека ќе успеете. Сепак, сметајте дека и ова е голем успех што сте меѓу четирите најдобри. Како и да е, што се однесува до нас овде во Македонија вие сте веќе успешни’’ – им порача Премиерот Груевски на ракометарките на ЖРК Вардар СЦБТ.

Gruevski zrk Vardar 02 (Custom)

Gruevski zrk Vardar 01 (Custom)

фото: Игор Ангеловски

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top