| четврток, 6 декември 2018 |

Објавен е тендер за реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“

20120220-goce-360

Објавен е тендерот со кој се бара градежна компанија која ќе се зафати со реконструкција на студентскиот дом „Гоце Делчев“.

Повикот е отворен до 19 мај, а според проценитe на Владата зафатот треба да чини нешто повеќе од еден милион евра без ДДВ.

Премиерот Никола Груевски неодамна најави итна санација и целосно менување на условите за студирање. Станарите  новата акадмеска година ќе ја почнат со реновирани соби, тоалети, ходници, топла вода, сигурни лифтови и покрив.

Во просториите на домот, кој е изграден во периодот на 70-тите години на минатиот век, можат да се сместат преку 1.200 студенти, а сега е преземен конкретен чекор за негова реконструкција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top