Шокантна информација стигна од Шпанија, и тоа од полицијата која го упаси навивачот на Вилјареал што фрли банана кон Дани Алвеш, гест што се смета за навреда на расна основа.
Се работи за 26-годишен тренер на Вилјареал, кој работи со младинските категории играчи во клубот. Од Вилјареал не ја потврдија информацијата иако соопштија дека се знае идентитетот на човекот и нему му е забранет влез на „Ел Мадригал“, и тоа доживотно.
Алвеш ладнокрвно реагираше на провокацијата и си ја лапна бананата, што наиде на симпатии кај искрените љубители на фудбалот. Поддршка за него стигна од сите делови на планетата, а потегот на Бразилецот е хит.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.