Во Швајцарија и во Норвешка животот е најскап, а потоа следуваат Бермуди, Австралија и Данска. Меѓу земјите со висок БДП, САД нудат најевтин жвиот, откри една студија која ја работеше Светска банка.
Спротивно, земји со најниски цени на пазарот се Египет, Пакистан, Мјанмар, Етиопија и Лаос, се наведува во истражувањето кое се базира на вредноста на локалната валута и куповната моќ на населението, пренесува швајцарскиот весник „20 минит“.
САД, кои во светската економија се на првото место, се наоѓаат на 25. место според тоа колку е скап животот.
Според една студија од 2005 година, земјите со среден БДП имаат значаен удел во светската економија, кој сѐ повеќе се зголемува на сметка на најбогатите и најсиромашните држави.
Во 2011 година, според податоците на Светска банка, реќиси половина од светскиот БДП, кој тогаш изнесувал околу 90.600 милијарди долари, потекнува од земјите со слаб или среден БДП.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.