Европскиот шампион Баерн Минхен не ги признава резултатите од двомечот против Реал Мадрид во полуфиналето од Лигата на шампионите. Пеп Гвардиола, тренерот на Баварците, вчера по натпреварот кратко искоментира дека не само што не го признава резултатот од синоќешниот меч, туку не го признава резултатот и од првиот натпревар во Мадрид каде што Баерн Минхен загуби со 1-0.
– Ограбени сме. Реално требаше да победиме 10-0. Требаше само да играме по наши правила. Реал Мадрид играа брз фудбал и имаа повеќе шутеви на гол, а ние очекувавме да се бранат. Тоа воопшто не е фер. Бараме да се поништи резултатот и да играме од ново, но овој пат ние мора да победиме, во спротивно повторно нема да го признаеме резултатот. Исто така размислуваме да побараме директно да не прогласат за европски шампиони затоа што сме најдобри, а тоа ни го признаваат сите што ќе не сретнат на улица. Ако не ни одговорат позитивно на барањето од УЕФА ќе го бојкотираме германското првенство, а до година ќе бараме да играме директно во финалето од Лигата на шампиони, изјави тренерот на Баерн Минхен Пеп Гвардиола.
Капитенот на Баерн, Филип Лам ја поддржа одлуката на раководството на клубот. Според Лам, на првиот натпревар во Мадрид, неговиот тим бил оштетен од судијата кој не досудил два пенала за Баварците, а исто така во повеќе наврати свирел офсајд во корист на Реал Мадрид, но Германците не се бунелена одлуките затоа што сите анкети што ги направиле по дома покажувале дека се сигурни победници. Лам исто така не сакаше да ги коментира шпекулациите дека е скаран со Робен и дека воопшто не си подавале.
– Ние сме толку јаки индивидуалци што играме сами и без подавање и покрај тоа што публиката од нас очекуваше тимска игра и убави акции. Намерно игравме така затоа што така се игра фудбал, гледачите се глупи, а Реал Мадрид, да бидам искрен се „дрва“, вели Лам.
Раководството на Баерн Минхен очекува прифаќање на барањата и осуда од УЕФА за начинот на кој Реал ги понижи Баварците. Тие веќе испратиле писма со поплаки и снимки од натпреварот до лидерот на СДСМ Зоран Заев од кои исто така очекуваат поддршка.
Калимеро
*** Целта на „Калимеро“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.
Калимеро
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст