| четврток, 6 декември 2018 |

И Лариса лапна банана во знак на протест против расизмот (фото)

И атрактивната Лариса Рикелме се приклучи на масовното движење против расистичките навреди на спортските терени, па и парагвајската навивачка си лапна банана, имитирајќи го потегот на Дани Алвеш.

rikelme

 

Бразилскиот ас на дуелот меѓу Барселона и Вилјареал направи неочекуван потег и ги собра симпатиите на искрени симпатизери на спортот на целата планета.

Од трибините навивачите на Вилјареал му фрлија банана, а Алвеш ладнокрвно ја излупи и ја изеде, а потоа си го изведе корнерот.

Мајмунските крици, или фрлањето банани на терен се честа појава на стадионите, а хулиганите со таквите гестови ги навредуваат црномурестите играчи.

Овојпат Алвеш ги замолкна, а има огромна поддршка од целиот свет.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top