
Актерката Весна Бејби Петрушевска се враќа на телевизијата со свое ток-шоу. Првата емисија „Вечер со Весна“ ќе се емитува на 4 мај на националната телевизија „Алфа“ (19,15 часот).
Гости на Весна Бејби во првата емисија ќе бидат актерот Тони Михајловски и поп-пејачот Ѓоко Таневски.
Петрушевска со години беше водителка на шоуто „Вртелешка“ на кое гостувааа голем број гости од јавниот живот во регионот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


