| четврток, 6 декември 2018 |

Експлозија во воен магацин во Сибир, 10 лица загинати (видео)

Во експлозија на муниција во воен магацин во Забајкалскиот крај во Сибир загинаа најмалку 10 лица, а во прекин е и сообраќајот на тој дел од Транссибирската железница, јавуваат агенциите пренесувајќи ја информацијата на Министерството за одбрана.

Припадниците на инженерската единица пронајдоа камион со 10 тела, рече портпаролот на министерството за одбрана за телевизијата „Русија 24“, пренесува „Ројтерс“.

Експлозиите се случиле во вчера во воениот магацин во близина на Бољшаја Тура, околу 6.200 километри југоисточно од Москва, а причината за тоа е шумски пожар кој избил во близина на магацините. Повеќе од 1.000 мештани се евакуирани, соопшти министерството за вонредна состојба. Во несреќата се повредени осумнаесет луѓе, пренесува „Интерфакс“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top