Амбициозната Кина, која сака постојано да биде прва во многу работи, го отвори најголемиот подводен аквариум во светот и го собори Гинисовиот рекорд. „Чимелонг Оушн кингдом“ е аквариум отворен во склоп на истоимениот хотел на островот Хенгкуин има седум целини кои прикажуваат различни деелови на животот во океанот.
Во аквариумот има 48,75 милиони литри свежа и солена вода. Изгрдбата на комплексот чинела 3,3 милијарди долари, аквариумот се протега на 143 хектари, а со тоа беа соборени вкупно пет светски рекорди.
На посетителите им е најпривлечен прозорецот низ кој може да гледаат ајкули. По првото, неофицијално отворање во јануари аквариумот го посетиле половина милион туристи. Посебно за забавни нуркачите кои ја забавуваат публика.
Аквариумот е поврзан со хотелот „Чимелонг Хангкин Бај“ со илјада метри „Гранд канал“ со што тој е најголем хотел со еколошка тема во Кина.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.