| четврток, 6 декември 2018 |

Шампионот Баерн на колена, Реал Мадрид е првиот финалист во Лигата на шампионите

„Кралевите“ од Мадрид ја урнаа традицијата според која Баерн во последните десетина меча дури 5 пати го победувал гостинот со 2:1.

Со 4:0 денеска Баерн го доживеа најтешкиот пораз во последните неколку сезони, Реал од почетокот играше ефикасно и покрај огромната предност во поседот на топката за домаќините тие не можеа да се спротивстават на играта на Роналдо и другарите.

Реал Мадрид го реши двомечот со Баерн Минхен уште во првиот дел од реваншот кога со два гола од прекин и една контра ги урнаа надежите на Баварците дека можат да дојдат до финалето на Лигата на шампионите во фудбал и да станат првиот тим што два пати по ред го освојува трофејот.

Првите два гола во мечот и први негови во Лигата на шампионите годинава ги даде Рамос со два гола со глава ( во 16 и 20 минута)  а третиот беше плод на сите членови на нападот на Реал во 34 минута кога по доавањето на Бензема во контра тргна Бејл кој на крајот додаде до Роналдо а овој стрелаше силно во голот на Баерн.

Последниот гол за Реал го даде Роналдо од слободен удар во 90 минута а напаѓачот со 16 голови оваа сезона е најефиканскиот играч во лигата на шампионите.

Второто полуфинале се игра утре кога во Лондон Челси го пречекува Атлетико од Мадрид.

Финалето на лигата на шампиони годинава се игра на 19 мај на стадионот „Ла Луж“ во Лисабон.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top