Русија подготвува одговор на новите санкции што ги воведоа Европската унија и САД поради кризата во Украина, изјави денеска претседателот на Горниот дом на рускиот Парламент, Советот на федерацијата, Валентина Матвијенко.
– По вториот пакет санкции, Владата работи на мерки како одговор со процена на потенцијалните штети врз нашата економија – нагласи Матвијенко.
– Таквите непријателски мерки не можат да останат без одговор и верувам дека, секако, мора да се одговори – рече таа.
Американските власти вчера ја проширија листата со санкции за уште седум официјални претставници и 17 руски компании, додека Европскиот совет реши за 15 имиња да ја прошири црната листа, со што бројот на санкционирани на европската листа е зголемен на 48.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.