| четврток, 6 декември 2018 |

Економист: Големата дебата за иновациите

Новото издание на Економист ја отвора „Големата дебата за иновации“, во која оценува дека „стравот дека успоруваат иновациите е претеран но сепак потребна е државна помош“.

Заради вртоглавото темпо на технолошки промени, „нашето време“ го доживуваме како најиновативно до сега. Имаме смартфони и суперкомпјутери, огромни бази на податоци и нанотехнологии, генетска терапија и трансплантации на органи со помош на матични клетки. Владите, универзитетите и компаниите трошат заедно околу 1,4 трилиони долари годишно на истражување и развој, незамисливо до сега, додава Економист.

Но, сепак, нема пронајдок кој што би бил корисен барем половина од тоалетна шоља, оценува Економист. „Со чистите линии и интуитивен кориснички интерфејс, скромниот нужник ги смени животите на милијарди луѓе. И не сам овој модерен санитарен јазол во избликот на мозоците кон крајот на 19 и почетокот на 20 век- измислени и произведени се  автомобилот, авионот, телефонот, радиото и антибиотикот“.

Во големата дебата за иновациите, Економист пренесува мислења и ставови дека модерната наука потфрлува во напорите да создаде нешто ново што би имало такво влијание. Со стагнирањето на Иновациите стагнира и инвестирањето, едукацијата и вработувањето; а степенот на таквите пронајдоци и нивното ширење, го диктираат и растот.

patentЕкономист додава дека оваа генерација свој придонес има најмногу во развојот на компјутерската технологија. Но, исто како и со електриката, компаниите со време ќе научат како да ги користат овие можности, а најверојатно ќе поминат децении за да се почувствува целосното влијание. А тоа се насетува. ИТ се повеќе излегува од рамките на пример автомобили без управувач или медицинската протетика.

Затоа, Економист верува дека во овој 21 век иновациите ќе протечат набрзо. Сепак предупредува на пречките, најмногу од државните бројни институции. „Кога иновациите беа помалубројни, иновациите одеа полесно. Иновациите се вметнуваа во производството без некој од министерствата да потврдуваат дали некои регулативи се запазени. Тенденциите да се напишат што поголем број правила од потребното значи црвена линија за спречување на иновациите. Дури ни регулациите наменети за помош на иновациите не функционираат. Западниот систем за интелектуална сопственост е во хаос бидејќи гарантира премногу сомнителни патенти“, пишува Економист.

Економист препорачува државите повеќе да се отворени и да вложуваат во иновациите. „Продуктивноста најмногу е падната во јавниот сектор, иако со развојот на ИТ најмногу и до сега можело да се напредне во здравството и образованието“, додава весникот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top