Демократскиот сојуз на г. Ѓорге Иванов му го честита изборот за претседател на Република Македонија, а на г. Стево Пендаровски му упати честитки за освоените 398.000 гласови.
– Им се заблагодаруваме на сите членови и симпатизери на Демократскиот сојуз, како и на сите граѓани што гласаа за кандидатите за пратеници на „Коалицијата за Подобра Македонија“, со што се обезбеди убедлива победа од 61 пратеник. Пред избраниот претседател и парламентарното мнозинство стои огромна одговорност за создавање услови за подинамичен економски развој и за отворање нови работни места, обезбедување стабилност и правна сигурност, еднакви можности и шанси за сите граѓани, ефективна борба против организираниот криминал и корупцијата, како и медиуми што ќе се борат за вистината и објективно информирање – велат од ДС.
Демократскиот сојуз ги повика сите партии да ги надминат личните и партиските интереси и приоритет да им дадат на интересите на граѓаните, како и на стабилноста, економскиот развој и просперитетот на Република Македонија.
– Во тој контекст, сметаме дека обидите на опозициската СДСМ да ја опструира волјата на своите гласачи, претставува авантура со неизвесни последици за сите граѓани, но пред сè, тоа негативно ќе се одрази врз стабилноста на Република Македонија – велат од ДС.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Кабинет на Иванов: Претседателот ќе се обрати пред Парламентот!
-
Иванов: Албанскиот јазик е важен дел од македонското мултиетничко и мултијазично општество
-
Иванов го честиташе 11 Октомври: Достојно и гордо да го чуваме ова парче земја бидејќи тоа е сè што имаме
-
Иванов во Њу Џерси: Конечната одговорност е на македонските граѓани