„Винер лајф“ уште еднаш додава дополнителна вредност на своите продукти. Компанијата им нуди на своите клиенти попуст во форма на кеш-ваучер, кој купувачите можат да го реализираат веднаш по плаќањето на премијата, или пак ваучерот да го искористат за купување на атрактивни уреди и подароци од одредена продавница.
Со овој чекор „Винер лајф“ ја покажува својата благодарност кон клиентите за довербата во компанијата и нејзините услуги.
– Сакаме да изградиме силна врска со нашите клиенти преку услужливост и нови бенефити за покажаната лојалност. Уверени сме дека со ова ќе привлечеме многу нови клиенти кои се грижат за својата фамилија и нивната иднина. Со секој нов производ, активност или додадена вредност се трудиме да ја смениме генералната перцепција на осигурувањето и да ја зголемиме свесноста за вредноста на животот – изјави Бернд Ахатц, член на бордот на директори на „Винер животно осигурување“.
Со потпишување на договор за полиса за животно осигурување, секој клиент веднаш добива производ со дополнителна вредност. Производот со дополнителна вредност значи дека тие или ќе платат пониска вредност за полисата за осигурување во првиот месец, меѓутоа сепак ќе бидат осигурени на повисоката вредност за која се согласиле или клиентот ќе добие значителен попуст во форма на кеш-ваучери за подароци кои можат да ги потрошат во одредена продавница.
Успешната мултибренд стратегија на компанијата, целосниот асортиман на производи, како и продажбата насочена кон потрошувачот овозможуваат целосно да се искористи бизнис потенцијалот.
ВИГ е присутна во Македонија како групација заедно со „Винер“, „Винер лајф“ и „Осигурување Македонија“, што ги прави лидери на пазарот. Виена Осигурителната Групација е една од најголемите интернационални осигурителни групации во Централна и Источна Европа. Групацијата, со седиште во Виена, оперира со над 50 осигурителни компании во 25 држави и има приближно 23 000 вработени.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.