| четврток, 6 декември 2018 |

Четврток неработен ден, следен празник 6 јуни

piknik

Денот на трудот 1 Мај (четврток), во согласност со Законот за празниците, е неработен за сите граѓани на Република Македонија, соопшти денеска Министерството за труд и за социјална политика.

Со оглед на тоа дека 24 мај е сабота, следниот неработен ден е на 6 јуни, Духовден кога од работните обврски се ослободени само припадниците на православната вероисповед.

Прв неработен ден за сите граѓани е 28 јули, понеделник, кога муслиманите го славата Рамазан Бајрам. Во меѓувреме слободен ден ќе имаат и Власите, кои на 23 мај го прославуваат Националниот ден на Власите

За сите граѓани

• 01 мај (четврток), Ден на трудот

• 24 мај (сабота) „Св. Кирил и Методиј“ Ден на сесловенските просветители

• 28 јули (понеделник), Рамазан Бајрам, првиот ден на Рамазан Бајрам

• 02 август (сабота), Ден на Републиката

• 08 септември (понеделник), Ден на независноста

• 11 октомври (сабота), Ден на народното востание

• 23 октомври (четврток), Ден на Македонската Револуционерна Борба

• 08 декември (понеделник), “Св. Климент Охридски”

 

За граѓаните од православна вероисповед 

• 06 јуни (петок), Духовден, петок пред Духовден

• 28 август (четврток), Успение на Пресвета Богородица (Голема Богородица)

За граѓаните од католичка вероисповед

• 01 ноември (сабота), Празникот на сите светци

• 25 декември (четврток), првиот ден на Божик

 

За граѓаните од муслиманска вероисповед 

• 4 октомври (сабота), Курбан Бајрам, првиот ден на Курбан Бајрам

 

За граѓаните припадници на албанската заедница во РМ 

• 22 ноември (сабота), Ден на Албанската азбука

 

За граѓаните припадници на влашката заедница во РМ 

• 23 мај (петок), Национален ден на Власите

 

За граѓаните припадници на еврејската заедница во РМ 

• 4 октомври (сабота), Јом Кипур, првиот ден на Јом Кипур

 

За граѓаните припадници на бошњачката заедница во РМ 

• 28 септември (недела), Меѓународен ден на Бошњаците

 

За граѓаните припадници на турската заедница во РМ 

• 21 декември (недела), Ден на настава на турски јазик .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top