| четврток, 6 декември 2018 |

Лавовски потег на Вејн Руни, обезбеди ВИП ложа за болно дете, на реваншот со Реал Мадрид

Фудбалерот на Манчестер јунајтед Вејн Руни, направи лавовски потег за почит и ќе му биде домаќин на 17-годишниот Кејден Стивенсон, кој боледува од цистична фиброза.

Напаѓачот на „црвените ѓаволи“ му понуди ВИП-третман на момчето од САД. На гости за реванш натпреварот со Реал Мадрид во ЛШ, ги покани и неговите родители. Покрај билетите за целото семејство, Руни ќе го плати и сместувањето, а вети дека ќе организира и прошетка на „Театарот на соништата“ и средба со дел од легендите на клубот.

Младиот Кејдан стана познат по учеството во американскиот „Идол“. Ја трогна јавноста со приказната за болеста која ја преживува. Лекарите прогнозираат дека нема да живее повеќе од 35 години, но Кејдан е весело момче што не се грижи премногу за неизвесната иднина.

Денот му го разубави Руни, со порака на Твитер, во која англискиот репрезентативец му порача дека е инспириран од неговата храброст.

„Кејдан, твојата приказна ме инспирира. Ме потсеќа на пријателот што го загубив. Ти благодарам што си храбар“ напиша Руни.

Младиот Американец беше во шок од неочекуваната порака, што стаса од големиот Вејн Руни.

„Господе, не ми се верува дека ми твитна. Мило ми е што те инспирира мојата животна приказна. Ти си ми идол, зашто си голем играч“ возврати Кејден.

Пријателството ќе продолжи на „Олд Трафорд“ во март, кога семејството Стивенсон, со Кејдан, ќе допатува да го следи големото фудбалско дерби меѓу Манчестер јунајтед и Реал Мадрид.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top