| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје нема Мекдоналдс, Струмица нема Заев

zoran-zaev-press-2

„СДСМ не го признава изборниот процес“, соопшти лидерот на СДСМ, Зоран Заев на прес-конференција на која беше присутен и кандидатот за претседател Стево Пендаровски, по што следуваше силен аплауз од присутните членови и од партиското раководство.

-Граѓаните во Македонија ме измамија, ми ветија дека ќе победам, веруваа во мене, ова е стока од народ – рече Заев. Овие резултати не смеат да бидат вистина, јас одбивам да прифатам дека не сум најлошиот лидер на СДСМ.

Резултатите на ДИК покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ има освоено 480.588 гласа, додека СДСМ 283.869 гласа, додека во 2008ма година кога Шеќеринска беше лидер ВМРО-ДПМНЕ  освои 481.501 глас, додека СДСМ 233.284.

-Сакам да се најдат кои се тие 51.498 луѓе кои гласале за мене и да се објават со име и презиме. Ова е глупав народ кој не знае да гласа, на овој народ му треба доктор. Јас овие избори не ги признавам, толку се трудев за да изгубам од Шеќеринска? По што ќе бидам сега препознатлив..Пирова победа е успешно да освојам второ место како и сите до сега а да не бидам најдобар во тоа. Јас не ги признавам овие избори.

Од извори во Бихачка дознаваме дека радоста на Шеќеринска била голема а на краткиот говор кој го одржала на забавата рекла дека за секој успех е посебна стратегија. Признала дека единствено што може да го уништи нејзиниот резултат е распадот на партијата кој е се поизвесен но ништо не е сигурно.

И честитаме на Рада за победата а на Заев му препорачуваме повеќе среќа следниот пат. Битно е да се учествува.

Мила ем весела

 

Мила ем весела

*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.

*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top