Во Изборниот законик не постои можност за повлекување на листата со кандидати за пратеници или, пак, за претседател на државата откако ДИK ќе констатира дека кандидатурата е потврдена, пишува „Дневник“.
Тоа значи дека СДСМ, дури и да се откаже од изборите, гласовите што граѓаните ги дале за својата опција ќе се бројат. Ова особено затоа што нивната листа и кандидатите беа на гласачкото ливче, а СДСМ во текот на изборната кампања, но и до крајниот рок на гласање (до 19 часот) не најавуваше бојкот, напротив, тврдеше дека и покрај системската кражба од првиот круг, потребен е масовен одѕив за да дојде до промени.Тоа значи дека ДИK ќе мора да ги изброи гласовите што ги добила коалицијата на СДСМ и да ги претвори во пратенички мандати. Тие ќе треба да бидат верификувани на конститутивната седница на Собранието, што треба да се одржи најдоцна до 16 мај. Доколку СДСМ до тогаш остане на ставот за бојкот, останува нејасно што ако некој одбие да го прими уверението од ДИK за избран пратеник. Доколку го прими уверението или доколку непримањето не произведува правни последици, во согласност со членот 57 од собранискиот Деловник, секој од кандидатите на пратеничките листи од партијата на Заев, кои во согласност со извештајот на ДИK станале народни избраници, ќе треба лично да поднесат оставка на седница на Собранието. Притоа Собранието без претрес констатира дека на пратеникот му престанал мандатот на денот на одржувањето на седницата. Потоа ДИK треба да го извести парламентот кои се кандидатите од листите на СДСМ што доаѓаат на испразнетите места за потоа и тие да ја спроведат процедурата на оставки и така сѐ додека не се исцрпат целосно пратеничките листи.
Во тој момент потребно е да се распишат нови избори за сите шест изборни единици за толку пратенички места колку што освоиле со вчерашното гласање. На тие избори право да учествуваат имаат повторно сите партии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст