Во реакција по изборите во Македонија, американскиот аналитичар Даниел Сервер оценува дека изборите им донеле решавачки мандат на победничките партии и додава дека опозицијата не може да ги оспори изборите само затоа што ги загубила, јавува дописникот на МИА од Вашингтон.
– Резултатите покажуваат решавачко мнозинство, како за ВМРО-ДПМНЕ, така и за ДУИ и што друго да се каже, добро е што имавте солидни избори и добивте јасен резултат. Двете партии добија гласови колку што можеа да се надеваат дека ќе добијат, не можеа ниту да се надеваат на посилна изборна база од оваа што ја имаат сега – вели Сервер, професор на Универзитетот „Џонс Хопкинс“ и поранешен американски дипломатски пратеник на Балканот.
На прашањето за најавата на Социјал-демократскиот сојуз на Македонија дека не ги признава резултатите од гласањето, Сервер вели дека извештајот на набљудувачката мисија на ОБСЕ не дава аргументи што би го оправдале тоа.
– СДСМ ќе мораат да покажат некакви докази дека имало измама ако сакаат да ги оспорат резултатите од гласањето. Јас не сум видел никакви докази за тоа. ОБСЕ рече дека изборите биле ефикасни и регуларни, што не е лоша оцена. Мислам дека опозицијата треба да покаже дека нешто друго не било во ред со изборите, освен фактот дека тие загубија – вели Сервер. Тој оценува дека партија што освоила eдвај повеќе од една четвртина од гласовите во Собранието не е во состојба да предизвика политичка криза во земјата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст