| четврток, 6 декември 2018 |

Индустриското производство во првиот квартал од годинава со раст од 3 проценти

industrija-630x289

Продолжува позитивниот тренд на пораст на индустриското производство. Имено, индустриското производство во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи минимален пораст од 0,6 отсто. Индустриското производство во периодот јануари – март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст од 3 отсто, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Гледано по сектори, индустриското производство во секторот рударство и вадење камен во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи опаѓање од 3,2 отсто, во секторот преработувачка индустрија бележи пораст од 4,9 отсто, а во секторот снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од 18,2 отсто.

Според главните индустриски групи, производството во март оваа година, во однос на истиот период лани, бележи пораст кај интермедијарни производи, освен енергија за 13,1 отсто и капитални производи за 3,8 отсто, додека опаѓање бележи кај енергија за 17,2 отсто, Трајни производи за широка потрошувачка за 8,1 отсто и кај Нетрајни производи за широка потрошувачка за 0,2 отсто.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top