Сезоната од соништата, Луис Суарез ја надополни со уште награда. Голгетерот на Ливерпул е прогласен за играч на годината во Премиерлигата.
Сосема заслужено ова признание отиде во негови раце, бидејќи на две кола пред крајот има постигнато 3о гола, а да не заборавиме дека го предводеше Ливерпул до првата позиција на табелата.
За најдобар млад играч беше прогласен Еден Азар од Челси, а најдобриот тим во Премиерлигата го сочинуваат:
Петар Чех (Челси), Лук Шо (Саутемптон), Винсен Компани (Манчестер Сити), Гери Кехил (Челси), Шимус Колмен (Евертон), Еден Азар (Челси), Јаја Туре (Манчестер Сити), Стивен Џерард (Ливерпул), Адам Лалана (Саутемптон), Луис Суарез (Ливерпул) и Даниел Стариџ (Ливерпул).
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


