| четврток, 6 декември 2018 |

Обама најави нови санкции за Русија

Американскиот претседател Барак Обама изјави дека САД денеска ќе објават нови санкции против Русија, насочени кон поединци и компании поради односите на официјална Москва кон кризата во Украина.

U.S. President Barack Obama meets with Russian President Putin in Los Cabos

– Официјалното објавување на санкциите ќе се случи подоцна во текот на денешниот ден. Тие санкции се надоврзуваат на оние кои веќе се во сила – истакна Обама на прес-конференција во Манила.

Белата куќа минатиот викенд соопшти дека новите санкции ќе бидат воведени кон поединци и компании, кои се блиски дo рускиот претседател Владимир Путин, а исто така најави нови рестрикции на извозот на високотехнолошки производи, неопходни за руската воена индустрија.

Обама, кој во моментов се наоѓа во филипинскиот главен град Манила, во рамки на неговата азиска турнеја, додаде и дека САД и нивните сојузници разгледуваат и нова фаза на дополнителни санкции насочени против одредени сектори на руското стопанство, како банкарството и одбраната.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top