СВР Битола поднесе кривична пријава против А.Ѓ.(39) вработен во „ЕВН Македонија“ и Г.С.(42), вработен во „МЕПСО“, двајцата од Битола, за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување.
На 26 јули минатата година, во Битола на ул. „Кире Костадиновски“, пријавените нелегално приклучиле електрични дигитални броила во три куќи и еден деловен објект, при што предизвикале штета на „ЕВН“ во износ од 1.499.486 денари, кој износ лицата требало да го платат за легален приклучок.
Покрај ова, на патот Битола-Прилеп нелегално поврзале електричен кабел под напон во разноводен ормар од ТС „Таирови Лозја“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


