| четврток, 6 декември 2018 |

Победникот од Лондон, Кениецот Вилсон Кипсанг, го промовира Скопскиот атлетски маратон

Wilson Kipsang

Вилсон Кипсанг на годинашната трка во Лондон

Годинашниот победник на престижниот атлетски маратон во Лондон, Кениецот Вилсон Кипсанг (32), е промотор на „Виз ер скопки маратон“, кој ќе се одржи на 11 мај по улиците на главниот град на Македонија.

Кипсанг на Лондонскиот маратон истрча 2:04:29 часа. што е подобро од претходното најдобро време на Емануел Мутаи. На последните Летни олимписки игри (ЛОИ) во Лондон, Кипсанг го освои бронзениот медал во најтешката атлетска дисциплина.

Лани во септември го собори светскиот рекорд на маратонот во Берлин, каде што за 15 секунди истрча подобро од својот сонародник Патрик Макау.

Во април 2010 година дебитираше на Парискиот маратон, каде што заврши трет, а победи на Франкфуртскиот маратон.

Во февруари од Асоцијацијата на меѓународни маратони и улични трки (АИМС) му доделија приознание за постигнување светски рекорд во маратон со време од 2:4:29 часа.

Скопскиот маратон влегува на картата на светските атлетски трки, а скопјани со годините научија да излегуваат на улица и да ги бодрат учесниците на трките.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top