Никој не сака кога ќе го обземат негативни мисли. Тие можат да ни го загорчат животот, а доколку тоа трае, можат сериозно да го загрозат секојдневието.
Поради тоа многу е важно да се пронајде начин на кој ќе се ослободите од негативните мисли и со тоа да си го олесните животот.
Научниците од Универзитетот Охајо пронашле многу едноставно решение. Имено, своите негативни мисли треба да ги запишете на парче хартија, а потоа таа хартија да ја искинете и да ја фрлите во ѓубре. Овој метод навистина помага.
Научниците веќе по неколку индивидуални експерименти врз студенти заклучиле дека овој механизам е многу ефикасен. Учесниците во истражувањето се поделени во две групи.
Откако ги запишале своите негативни мисли, од првата група е побарано повторно да ги прочита и размисли за нив, додека од другата група е побарано хартијата со запишани мисли веднаш да ја фрли во ѓубре. По завршениот експеримент, студентите пополниле прашалник кој покажал дека оние кои ја фрлиле хартијата имале многу попозитивни ставови.
– Секако, негативните мисли нема целосно да исчезнат вака бидејќи секогаш можете повторно да ги создадете, но ова решение има позитивен резултат во однос на моменталната ситуација, објасни лидерот на студијата Ричард Пети.
Тој додаде дека овој едноставен метод има многу добар ефект, и може да се применува и неколку пати дневно за да се чувствувате подобро и порелаксирано.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст