Истражувањето спроведено во британската болницата „Ројал Единбург“ покажало дека луѓето кои имаат секс најмалку четири пати неделно изгледаат и до 10 години помладо од оние кои што немаат редовни сексуални односи.
Како сексот влијае врз младалачкиот изглед?
– Сексот може да се смета како аеробик, бидејќи ја стимулира циркулацијата и го зајакнува имунолошкиот систем. Подобрата циркулацијата на крвта во лицето обезбедува младешки тен;
– Сексот нѐ ослободува од стресот, кој, пак, предизвикува предвремено стареење;
– Активниот сексуален живот нѐ прави среќни. Луѓето повеќе се смеат и се чувствуваат подобро, посигурно и посамоуверено, а насмеаните луѓе секогаш изгледаат помладо од оние намуртените.
Резултатите од истражувањето потенцираат и три пози кои се најдобри за подмладување:
1. Мисионерска поза – основната поза за водење љубов кога мажот е врз жената.
2. Лотус поза – мажот е врз жената, а таа ги прекрстува нозете на неговите гради.
3. На рамена – исто како лотус позата, само што наместо прекрстени, жената ги качува нозете на рамената на партнерот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.