| четврток, 6 декември 2018 |

ЛШ: Баерн протатне низ Лондон

Порто во истовреме на Драгао беше далеку подобар од Малага, но од 15 удари кон голот на Шпанците реализиран беше само еден

Германски Баерн Минхен ја оправда улогата што му ја наменија фудбалските познавачи и ја продлабочи кризата на Арсенал со убедлив настап и гостинска победа од 3-1. Рано на Емирати стадионот стана јасно дека Бундес тимот е подобар, па до 21. минута преку Крос и Милер, Баерн имаше два разлика. Англичаните си ги повратија надежите со погодок на Подолски во 55 минута, но на 13 минути до крајот на првиот меч од осминафиналето истите ги урна Манџукиќ.

Во Порто домаќинот беше доминантен со посед на топка и со 15 шута кон Кабаљеро, но со само еден погодок на Мутињо во 56 минута. Малага во сите 90 минути резервирана, повлечена и со само една закана кон Португалците. На крајот Шпанците имаат солиден резултат за реваншот иако според прикажаното, Порто, кој е прв од шесте досегашни домаќини кој победи, останува поблизу до следниот круг.

Утре се последните натпревари од првиот круг во осминафиналето во ЛШ. Милан на „Сан Сиро“ ја дочекува Барселона, Галатасарај во Истанбул му е домаќин на Шалке.

Лига на шампиони-1/8 финале:

Арсенал-Баерн 1-3

Порто-Малага 1-0

Милан-Барселона (утре)

Галатасарај-Шалке (утре)

Селтик-Јувентус 0-3

Валенсија-ПСЖ 1-2

Реал Mадрид-Манчестер Јунајтед 1-1

Шахтјор-Борусија Дортмунд 2-2

Реваншите од осминафиналето во ЛШ се на терените на гостите од првите средби, во периодот од 5 до 13 март.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top