Претставникот на партијата на Македонците во Албанија Васил Стерјовски влезе во остар дуел со бугарски претставници кои во Тирана на научен собир се обидоа да ги побугарчат Македонците од Мала Преспа, Гора и Голо Брдо.
Група на бугарски научници од Бугарската Академија за наука во Тирана учествуваа на научен собир на кој пред научници од Албанија се обидоа да докажат дека сите Македонци кои живеат во Албанија се всушност Бугари кои што треба да се вратат на корените.
Со поддршка на бугарската влада, Министерството за дијаспора и партијата на Красимир Каракачанов со години бугарите се обидуваат преку доделување на државјанства да ги присвојат Македонците во оваа земја.
Во видеото кое што го објавува интернет весникот македониум.нет а го пренесува ТВ Сонце видете ја дебатата меѓу Стерјовски и бугарските претставнички.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.