
Старо-новиот претседател на Македонија Ѓорге Иванов вечерва им се заблагодари на сите македонски граѓани кои му ја дадоа поддршката за втор претседателски мандат и порача дека без разлика на гласовите, тој ќе остане претседател на сите граѓани на Македонија.
– На овие избори победи демократијата, граѓаните, Македонија. Имавме мирни, фер и демократски избори, како што и прилегаат на европска Македонија. Им честитам на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата за освоените гласови и на граѓаните што излегоа да гласаат. Му честитам и на противкандидатот за освоените гласови и за резултатот и се најдобро во животот. Им честитам на сите партии кои учествуваа во изборите и добија мандат. Сите тие што гласавте за мене и за ВМРО ДПМНЕ гласавте за себе, за своите семејства, за иднината на Македонија. Благодарам. Бев и ќе останам претседател на сите граѓани без разлика како гласале. Работев и ќе работам само за народот, само за граѓаните. Знаеме што треба и како да го направиме. Се што направивме го постигнавме само за граѓаните и заедно со граѓаните. Институциите постојат за вашите потреби, идеи и иницијативи. Затоа ќе ги бранам вашите интереси. На Македонија и е потребен секој граѓанин, но и конструктивна опозиција, да ги поддржува проектите и да предлага проекти во интерес на граѓаните. Победата значи само обврска да работиме со позасилено темпо. Од утре нема победници и поразени, има работа и само работа, изјави Иванов и ги повика сите граѓани на Македонија, заедно да работат за државата за да продолжи по патот на напредокот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Претседателот Иванов на Климатскиот самит во Катовице
-
Кабинет на Иванов: Вистината боли, дотолку повеќе што раководството на СДСМ е свесно за предавството коешто го нуди на македонскиот народ
-
Кабинет на Иванов: Владата самата да се запраша зошто е исвиркана
-
Претседателот Иванов со порака до граѓаните: На Илинден сите дојдете на Мечкин Камен во Крушево


