
Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски прогласи двојна победа на ВМРО ДПМНЕ и Ѓорге Иванов.
Според резултатите од аналитичкиот центар на ВМРО ДПМНЕ од изработени 92% од гласовите, кандидатот за претседател на ВМРО ДПМНЕ Ѓорге Иванов доби доверба за втор мандат со над 500.000 граѓани. Неговиот противкандидат Стево Пендаровски освоил 366.000 гласови.
Како што соопшти Груевски, ВМРО ДПНЕ и коалицијата за поодбра Македонија, од исто 92 % од изброените гласови, добиле доверба од над 450 илјади гласови, 181.000 гласови повеќе од СДСМ.
На 92% проценти се чини дека ВМРО ПДМНЕ ќе имаат 61 или 62 места во парламентот наспроти 34 или 35 на СДСМ и нивната коалиција. Ова е голема, огромна, моќна победа. Ова е недвосмислена доверба. Ова е јасно изразена волја на граѓаните на Македонија. Јасно изразена волја на граѓаните на Македонија. Со овие две победи граѓаните на Македонија даваат поддршка на ВМРО ДПМНЕ и коалицијата. На овие избори победи концептот на држење до дадениот збор, кој претставува одговорен пристап кон работата, посветеноста, искрен пристап кон граѓаните, на обмислени и добро пресметани ветувања, на реализација на ветувањата – конкретни, а не општи, на концепт за грижа кон сите граѓани, на услови за создавање на нови работни места и тоа во тешки времиња, за привлекување на инвеститори, на градење силна инфраструктура низ целата држава, на инвестиции во образованието, на континуирани инвестиции во здравството, земјоделието и поддршка на земјоделците, на силна и не селективна борба со криминалот, на зајакнување на правосудниот систем, на подобрување на администрацијата, на концепт кој ги штити државните и националните интереси на граѓаните на Македонија. На овие избори нема разлика од 1-2 пратеника. Разликата е 26-27 пратеника. Јасен одговор. Сакам да упатам честитки до сите наши конкуренти што учествуваа на изборите и оние кои добија места во парламентот, но и оние кои не добија места, порача Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии


