Социјал-Демократскиот Сојуз на Македонија не ги признава резултатите на овие претседателски и парламентарни избори, како и резултатите од идните избори кои ќе се спроведат наскоро, наредната година или во текот на оваа деценија. Ова вечерва на вонредна прес-конференција го изјави претседателот на СДСМ Зоран Заев чие присуство зад микрофонот на Бихаќка само ја потврди сериозноста на новиот ангажман на СДСМ после двата круга во кои Македонија гласаше.
„Значи, како да ви кажам, жими све најмило не ги признаваме резултатите од изборите и не не’ интересира кој шо победил кај победил, дали се пласирал или не, денес Македонија изгубе и ние овија избори не ги признавајме прибидејќи се недемократски и власта ни крадеше гласови, еве мојо глас го украдија и едвај го најдов за да можам да ви говорам тука на пресо иначе ќе требаше да го одржам по смс пораки. Ќе се обратејше и Радмила ама нејзинио глас уште не можеме да го најдеме, а Стево не го најде својо ами гласо на шефо па дури навежбе да лафе со тај глас, јас ќе ви се обраќам од името на сите“, изјави на почетокот претседателот Заев.
„За нас не е важно дали победиле на овие избори ВМРО ДПМНЕ или можеби е победила Позитивна Македонија или па… мож’ ГРОМ Е ПОБЕДИЛ!“, додаде Заев и на момент ја прекина прес конференцијата за да може да се изнасмеат сите присутни, после што се прибра и повторно продолжи во сериозен тон:
„Многу нерегуларносте беа забележани уште пред да почне кампањата како на пример шо неме попис на населението, па после нерегуларно исто така беше шо Ѓорѓе Иванов победи со Стево Пендаровски во прв круг затоа што ние тоа не го очекувахме и едноставно затова не е ре-гу-лар-но!“, изјави првиот човек на опозицијата.
„Многу е едноставно, избори на кои ние нема да победејме нема да се регуларни, затова треба да име техничка влада па тава да биде предуслов за да име избори па да има избори – вероватно после попис на население, треба да видејме това со стратезите, па ќе победејме ние ама нема да се регуларни и тие избори, но нема да требе да ги поништуваме прибидејќи така ќе ни се фанат многу избори набрзина и добро ќе е ние кога ќе победејме да си поседејме малку на влас до наредните избори. Е ТОГАШ кога ќе победејме пак ќе ги признаеме тија резултати на изборете и ќе има пак демократија во Македонија дами и господини!“, објасни Заев.
„Дотогај, до изборо на техничка влада, па на наша влада па до вторио мандат на нашата влада, значи ние ќе сме цело време во отпор и на улица ќе протестиреме. И кога ќе победејме на избори пак ќе протестирејме против системо и против недемократијата, па сега и да си бидејме сами на себе опозиција и това е демократски. Симболо на нашите протести ќе биде чувенио гласачки палец само ќе е пикнат во уста во обид гласачо да се испере од срамо на овие избори и да си го исчисти прсто од фломастеро на тоталитаризмо“, заврши Заев и го пикна прстот од десната рака во уста, а со левата стисна тупаница и ја дигна во воздух, најавувајќи го непокорот на опозицијата и политичката пролет во земјата што не беше проследено со аплауз бидејќи сите присутни го направија истото и немаа слободна рака за да ракоплескаат на гестот на лидерот на опозицијата.
Во меѓувреме на избирачките места започнуваше броењето на гласовите од вториот круг на претседателски и парламентарните избори.
Кромиди Запад
*** Целта на „Кромиди запад“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со правите луѓе и институции е случајна.
Кромиди Запад
*** Целта на „Двоглед“ е да се сврти вниманието на одредени појави во општеството. Секоја сличност со вистинските луѓе и институции е случајна.
*** The aim of "Dvogled" is to draw attention to certain phenomena in society. Any similarity to actual persons and institutions is merely coincidental.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


